7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Прва средба на Трамп и Мерклел на 14. Март во Вашингтон

Новиот американски претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел за прв пат ќе се сретнат на 14 Март во Вашингтон. Ова ќе биде прва официјална меѓу Меркел и Трамп, по негово стапување на функцијата претседател на САД.

Откако имаа телефонски разговор, Меркел и Трамп излегоа со заедничко соопштение во кое ја истакнаа важноста на НАТО и ветија заедничка соработка против тероризмот.

Американскиот претседател претходно доби остри критики на својата сметка од германската канцеларка Меркел, за неговата одлука за забрана за влегување во САД на државјаните на седум муслимански земји.

 

поврзани објави

Последни објави