Раководството на ДУИ на вечерашното Централно претседателство додене одлука да коалицира во новата реформска влада која ќе биде предводенана од страна на СДСМ. Оваа информација ја потврди и портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
„ДУИ донесе одлука на ја почитува мнозинската воља на граѓаните Албанци и да учествува во владата. Претседателот Иванов да размисли за своите чекори. Го повикуваме во согласност на неговите надлежности да го додели мандатот на парламентарното мнозинство со 67 потписи. Платформата не отстапува од Уставот ниту па од Охридскиот рамковен договор“, изјави Османи.
Да потсетиме дека пред само 2 дена Иванов одлучи да не го додели мандатот на Зоран Заев, поради што како што вели тој, ќе се наруши унитарноста на Република Македонија.