13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Вестбрук броеше до 48 поени во поразот на Оклахома, Кливленд со нов рекорд

Кошаркарите Оклахома Сити Тандер синоќе беа поразени на домашен терен од Феникс Санс со 118-111, Расел Вестрбук имаше просечни бројки а само една асистенција му недостигаше за да дојде до „трипл-дабл“, тој натпреварот го заврши со 48 поени,17 скока и 9 асистенции.

Актуелниот НБА шампион Кливленд Кавалирс на гостински терен ја совлада екипата на Атланта Хокс со 130-135 и запиша нов рекорд, постигнувајќи рекордни 25 тројки на еден натпревар, досега на никоја екипа ова не и успеало. Претходниот рекорд го држеа Денвер и Хјустон со по 24 тројки.

Во другите натпревари :

Орландо – Мајами 110-99

Филаделфија- Њу Јорк  105-102

Вашингтон – Торонто 106-114

Милвоки-Л.А. Клиперс 112-101

Далас-Мемфис 104-100

Јута-Бруклин 112-97

Њу Орлеанс-Сан Антонио 98-101

Л.А. Лејкерс-Бостон 95-115

 

поврзани објави

Последни објави