Додека не се формира нова влада, земјоделците нема можност да ги добијат субвенциите, сето ова уште еднаш го потврди министерот Цветков.
Поради ваквата ситуација, владата не донесе одлука, но ја задолжи Антикорупциска да ги разгледа сите закони, вклучувајќи го и Кривичниот со кој се ограничува исплатата на субвенциите во период до формирање нова влада.
„Собранието на РМ треба да се конституира, можеби денес или утре, но можеби и за три месеци. Кога владата ќе донесе одлука, тогаш ние ќе бидеме во можност да ги исплатиме субвенциите на земјоделците“, изјави Цветков.