Доцна синоќа непознати сторители оштетиле возило во сопственост на судијката Билјана Белеска-Пројкоска, која е вработена во Основниот суд во Охрид.
Белеска-Пројкоска работи на предмети од областа на кривичното право, поради што не е исклучена можноста ова да биде и „предупредување“ до неа.
Инцидентот се случил на улицата „АСНОМ“ во ОХрид, во близина на домот на судијката. Од СВР Охрид потврдија дека се работи на откривање на сторителите и расчистување на настанот.