Полицијата во Софија уапси маж кој превезувал 60 Авганистанци во својот камион.
Полицајци го запреле за проверка товарниот автомобил “МАН” во реонот на раскрсницата на бул. “Ломски пат” и ул. “Бели Дунав” во главниот град на Бугарија. Во возилото биле пронајдени 60 странски државјани, од кои тројца без документи. Според податоците на мажите, на видлива возраст меѓу 20 и 30 години, сите се од Авганистан. Приведен е возачот на камионот – 45-годишен маж од Софија, со криминално досие. Тестот покажал дека тој седнал зад воланот под дејство на алкохол.
Против него ќе биде покрената истрага за незаконско помагање на странци и за возење во пијана состојба. За случајот е инфомираното Бугарско јавно обвинителство.