Рано утрото околу 04 часот со молотови коктели била оштетена фасадата, еден прозорец и влезната врата од објектот на Националната установа Музеј на албанската азбука во Битола.
Како што посочија од СВР Битола, веќе се работи на расчистување на случајот, целиот објект е обезбеден и непречено се врши истрага за побрзо наоѓање на сторителите.
Засега според неофицијални инфорамции, неколку лица околу 4 часот утрово фрлиле шишиња со запалива течност или добро познати како Молотови коктели.
Не се откриваат повеќе детали околу истрагата.