Премиерот на Малезија, Наџиб Разак со отворен повик до Северна Кореја да ги ослободи сите малезиски државјани. Претходно Пјојанг им забрани да ја напуштат земјата.
„Ваквиот лош потег на држење на нашите државјани како заложници е целосно спротивно на меѓународното право и дипломатските норми“, изјави Наџиб
Тој додаде дека свикал итна седница на советот за национална безбедност и дека побарал од полицијата да не му дозволува на ниту еден севернокорејски граѓанин да ја напушти Малезија, се додека не добие потврда за гарантирање на безбедноста на Малезијците во Северна Кореја.
Според податоците на амбасадата на Малезија, во Северна Кореја се наоѓаат 11 малезиски државјани.