Музејот на албанската азбука во Битола е демолиран. Оштетени се фасадата, влезната врата и еден прозорец, а непознатите сторители посочуваат фрлиле шишиња со запалива течност, односно молотови коктели кон музејот.
Министерството за култура остро го осуди настанот и како што посочуваат, историјата на албанскиот народ е дел од заедничкото мултикултурно наследство кое е силна одлика на Македонија. Од министерството апелираат на воздржаност од насилство и почитување на културното наследство.
Од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека настанот е изолиран и мора да биде осуден од страна на сите со цел да се спречи евентуална негова злоупотреба за партиски и политички цели. Инцидентот, како што посочуваат е обид на одредени сценаристи да предизвикаат дефокусирање од актуелните политички случувања во државата.
И од СДСМ го осудија инцидентот и обвинија дека насилството и омразата се потикнати лично од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поддржани од претседателот Ѓорге Иванов и оти тие водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и земјата. СДСМ ги повика граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокации.
Настанот го осуди и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов кој повика инцидентот да не се злоупотребува за партиски, политички цели и за манипулација на јавноста.