Итен компромис и формирање на нова Влада. Ова го изјави заменик помошник државен секретар на САД за европски прашања и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ли.
Ли порача дека САД се заинтересирани за просперитетот и стабилноста на регионот.
„Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија ѝ треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија“ изјави Ји.