23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Червар ни кажа „Чао“: Постигна договор со Хрватска

Се уште актуелниот селектор на ракомемтната репрезентација на Македонија, Лино Червар успеал да најде заеднички јазик со потпретседателот на Хрватската ракометна федерација, Зоран Гобац и веројатно наскоро ќе ги преземе „коцкестите“.

По средбата, во изјави за медиумите, Гобац го најави она што многумина го очекуваа, додека Червар само ги потврди зборовите на Гобац.

„Преговорите течат во добра насока и за десетина денови ќе имаме прес-конференција, на која ќе го потврдиме новиот селектор на Хрватска“, изјави Гобац.

Во овој период од 10 денови, Червар ќе пристигне во Македонија, каде ќе им ја соопшти одлуката на раководните лица од РФМ, по што пријателски ќе се разделат.

поврзани објави

Последни објави