6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Затворена зоолошка градина во Виена: Откриен птичиј грип

Поголем дел од виенската зоолошка градина Шенбрун се затворени за јавноста после откривањето на високозаразен вирус птичиј грип Х5Н8 пронајден во телото на пеликан кој е успиен оваа недела, пренесуваат од управата на оваа зоолошка градина.

Се наведува дека оваа врста на птичиј грип, кој е смртоносен за птиците, но уште не е пронајден кај луѓето, од крајот на минатата година се проширил по Европа и Блискиот исток, поради што уништил стотина илјади примероци на живина.

 

„ Сега имаме доказ дека пеликанот бил инфициран од врстата Х5Н8 на птичиј грип“, навел ветеринарот на виенската ЗОО градина Томас Ворачек.

поврзани објави

Последни објави