Институтот за словенечки јазик, во рамките на својот повик до љубителите на јазикот да му испраќаат сугестии со кои странските, би се замениле со домашни изрази, доби предлог наместо „ѓезве“, словенците кафето да го приготвуваат во „каваник“
„Освен словенската замена за лончето во коешто на турски начин се вари кафе, а станува збор за турски збор од арапска етимологија која во словенечкиот јазик дојде преку Босна, љубителите на новите зборови предложија и замена за вентилатор, коишто, доколку таа иновација влезе во речникот би се викал „вртијатор“, пишува љубљанскиот дневен весник Dnevnik.
Во институтот за словенечки јазик „Фран Рамовш“ уверени се дека јазикот е жива материја и дека секој за тоа заедничко добро може да даде свој придонес и ги повикуваат љубителите на јазикот и натаму да им испраќаат своите предлози коишто еднаш можеби и е се одомаќат во јазикот, бидејќи луѓето ќе ги прифатат, пишува натаму Dnevnik.
Еден од татковците на денешната „словеншчина“ се смета Примож Трубар, протестантски реформатор од XVI век. Тој меѓу првите наместо стариот израз Крањци започнал да говори за Словенци, а ги печател и првите книги на словенечки јазик, но тие биле преполни со странски зборови и поими, па во своите списи народот го означувал како „фолк“, а јазикот „шпраха“ според германскиот јазик.
Од германизмите словенечкиот јазик почнал да се ослободува дури во XIX век, кога во него влегле многу прилагодени изрази од рускиот јазик, а помалку и од тогашниот хрватски.
За зборовите коишто „звучат“ на хрватски, а нормално се користеле во првата половина од XX век во печатот и службената комуникација, денес се смета дека се позајмени кои јазикословците ги нарекуваат „хрватизми“, и настојуваат да ги заменат.
Така на пример терминот „допринос“ (придонес, на македонски – з.р) во коректниот модерен словенечки стана „приспевек“, на место хрватското „оклијевати“ (колебање – двоумење) Словенците сега траба да кажат „омаховати“ и ред други изрази.
Сé уште колоквијално може да се употреби поздравот „добродошли“, бидејќи „добропришли“ доколку буквално биде преведен на словенечки, звучи неумесно. Сепак, како јазично покоректен израз се препорачува „поздрављени“.