14.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

По двата порази, ЖРК Вардар има нов тренер, Дејвис отстранет

spot_img

ЖРК Вардар забележа два неочекувани порази во серија во Лигата на Шампионите, што резултираше со промена на тренерите, па Давид Дејвис кој ги предводеше девојките, ќе се врати на своите стари обврски во машкиот тим.

Нов предвоник на ЖРК Вардар ќе биде Ирина Полторацкаја Дибирова, а ова за неа ќе биде дебитантско тренерско искуство. Таа е поранешна двојна европска шампионка и трикратен светски првак.

Полторацкаја веќе подолг период живее во Скопје, ако се знае дека таа е сопруга на Тимур Дибиров, ракометарот на Вардар. Зад себе има успешна играчка кариера, која се надеваме дека ќе продолжи успешно и како тренер.

поврзани објави

         

Последни објави