Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во вчерашното гостување на Топ Тема рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците.
Прво, сакам да расчистам нешто. ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ како партија има направено многу за Албанците и за сите граѓани и ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги дели граѓаните по етничка основа. ВМРО-ДПМНЕ се залага Македонија да опстои како мултиетничка држава, а не како бинационална држава. Тоа е концептот на кој ние се спротивставуваме, рече Тодоров.