Дмитриј Песков кој е портпарол на рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Кремљ планира детално да ги проучи податоците кои ги објави Викиликс за масовното прислушување на ЦИА. Според него не е тајна дека САД активно ги прислушуваат телефоните на руските претставници.
„Заедно со глобалната заедница секако обрнавме внимание на објавените податоци и секако дека тие заслужуваат внимание и оти мора детално да се проучат“, рече Песков.
Тој додаде дека американските власти го прислушуваат телефонот на рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кисљак.
„Вашингтон всушност не се ни обидува да скрие дека активно ги прислушува телефонските повици на руските претставници, на нашиот Кисљак и други“, посочи Песков.