4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Могерини: Очекувам дека Европскиот совет ќе испрати силна порака за поддршка на Западен Балкан

Европскиот совет да испрати силна порака за поддршка за евроинтегрцијата на земјите од Западен Балкан. Вакво очекување има високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Таа при пристигнувањето на денешниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел, најави дека премиерите и претседателите на земјите членки ќе ги извести за три важни теми: миграциската политика на ЕУ, заедничката европска политика за одбрана и безбедност и ситуацијата на Западен Балкан.

Бев во регионот точно пред една недела. За тоа веќе разговарав со министрите за надворешни работи во понеделникот. Очекувам дека Европскиот совет ќе испрати силна порака за ангажирањето, посветеноста, отвореноста и веродостојност, на начин со кој ќе го води регионот во насока на интеграција кон ЕУ“, рече Могерини пред почетокот на самитот во Брисел.

поврзани објави

Последни објави