Денешната прес-конференција е реплика на аболицираниот криминалец Зоран Заев што се обиде да го претстави како Владина програма. Се обиде преку читање на партиски памфлет да ја увери јавноста, а тоа можеше да го направи само во 1 минута, да се откаже од платформата од Тирана.
Тоа е истиот Зоран Заев што во Швајцарија зборуваше за кантонизација во Швајцарија, политичкиот став за и околу платформата сакаше да го сокрие за идните дебати од експерите од повеќе политички партии.
Не ја потценувајте инителгиенцијата на македонскиот народ и докажете со само една реченица дека ја отфрлате платформата на туѓа држава која ја загрозува унитарноста и суверинетот на државата.
За да дојдете на власт ќе спроведувате туѓа платформа од која не сакате да се откажете. Заев не собра храброст да ја отфрли платформата и сите нејзини елементи содржани во неа. Тој лажеше дека со ДУИ зборувале само за принципи, а денес вели дека има подготвено закон за употреба на албанскиот јазик. Тој отрки дека се разговарало и за осуда, за резолуција за геноцид врз албанците, но не откри што содржи таа и кога ќе биде донесена. Тој не откри ќе биде осуден за геноцид, дали Србија, Бугарија или самата Република Македонија. Тој не најде храброст да го осуди неговиот иден коалиционен партнер кој го негира постоењето на македонците – Зијадин Села. Тој со своите три потписи го купи националното достоинство на Зоран Заев. Заев конфузно се обиде да ги излаже граѓаните и се сокри зад празните флоскули дека во иднина ќе се дискутирало за знамето, грбот и химната, но за тоа ќе одлучувале експерти. Граѓаните гласаа за политичари, а не за експерти.
Непотребно г . Заев својата прифатена уцена се обиде да ја сокрие зад идните дебати на експертите. Тие експертски дебати мислат дека ќе ја релативизраат идејата во кој тој прифаќа уцена која е на штета на унитарниот карактер на Република Македонија. Неговите манипулациии за идни дебати од типот на експертите како Фрчковски и Осман Кадриу се само еден невешт начин да ги измами граѓаните уште еднаш. Заев остана со отворена врата за целосна реализација на платформата од Тирана. Денешното обраќање на Заев го цениме како привремено купување на време на граѓанското незадоволство од политиките кои ги води СДСМ со прифаќање на сите уцени, само за да дојде на власт, иако ги изгубија изборите. Ние имаме само едно да му порачаме на Заев – престанете да го потценувате македонскиот народ, вие сте аболициран криминалец, вие сте човек со лабилно мислење, кој ги менува ставовите, еднаш во Цирих, друг пат во ТВ 21, трет пат во седиштето на СДСМ. Прифатете ја понудата за малцинска Влада, која што би ја предводеле но за која цена нема да плати Република Македонија. Доколку тој е убеден дека платформата за македонскиот народ е прифатлива нека се прифати второто можно решение за предвремени парламентарни избори заедно со локалните и тогаш граѓаните нека се изјаснат за секоја програма, вклучително и таа околу платформата од Тирана. Да им дозволиме на граѓаните да се изјаснат за платформата од Тирана. Соберете храброст, отфрлете ја платформата од Тирана или понудете ја на граѓаните на следните парламентарни избори.