4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Туск: ЕУ подготвена да се спротивстави на надворешните сили што го дестабилизираат Балканот

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот во Брисел рече дека сите земји членки на Европската унија изразиле подготвеност да се спротистават на „надворешните сили“ што се обидуваат да ги дестабилизираат државите од Западен Балкан.

„Сите земји на ЕУ изразија поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и подготвеност да се спротивстават на надворешни сили, што се обидуваат да го дестабилизираат регионот“, нагласи Туск.

Своја изјава на истата прес-конференција даде и германската канцеларка Ангела Меркел која изјави дека

независно од интересите на Русија и Турција во Западен Балкан, земјите од регионот треба да имаат перспектива за приклучување кон ЕУ.

„Ние ја разгледавме ситуацијата на Балканот и дадовме до знаење, дека земјите треба да имаат перспектива за членство во Унијата, дури и да гледаме дека други земји – Русија и Турција – имаат таму интереси“, истакна Меркел.

поврзани објави

Последни објави