Контроверзниот бугарски историчар и политичар, директор на бугарскиот Национален историски музеј, Божидар Димитров е примен во болница со сомнежи за инфаркт.
Директорот на НМИ се почувствувал лошо во денот кога беше планирана телевизиска дебата меѓу него и македонскиот новинар Миленко Неделковски. Во последен момент Димитров одлучи да не учествува во дебатата, бидејќи се сомневал во манипулации при монтажата.
Наеднаш Димитров се почувствувал лошо при што изгубил свест.
Минатата година контроверзниот македонски ТВ презентер Миленко Неделковски ја скрши со чекан плочата на врв Кајмакчалан, подигната во чест на загинатите таму бугарски воини во Првата светска војна. Оттогаш двајцата водат жесток спор. За денес, 10 март, беше закажано учество на Димитров во емисијата на Миленко Неделковски на тема Првата светска војна. Кога сепак бил известен дека тоа нема да оди во живо, туку ќе се монтира, бугарскиот историчар одлучил да да не учевствува во дебатата.