СДСМ со соопштение реагираат на прес-конференцијата на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
„ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да го разбере денешното обраќање на претседателот Зоран Заев и Програмата на новата реформска Влада која е посветена на сите граѓани.
Квалитетниот живот за сите граѓани, суверенитетот и стабилноста на Република Македонијa, членството во НАТО и Европската унија и демократијата се несфатливи и недостижни вредности за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, бидејќи се што тие правеа во изминатите години беше уништување на овие вредности и уништување на достоинството на граѓаните.
Заробени во историјата, омразата и лицемерието, со желба за спас на криминалот и личните богатства, токму ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и неговите соработници е единствената закана по унитарноста на државата и единството на граѓаните.
Програмата на новата Влада што денес беше претставена од страна на претседателот Зоран Заев е гаранција за унитарноста и целовитоста на државата. Концептот на едно општество содржано во Програмата е единствената гаранција за безбедноста и спокојот на граѓаните и за сегашноста и иднината на Република Македонија.
Македонија ќе биде еднакво општество за сите, ќе биде демократска, слободна и просперитетна држава во која сите ќе бидат важни, бидејќи така одлучија околу 700 000 граѓани и тој процес нема да го спречат ниту Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението на СДСМ.