3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ЕУ: Нема војска на Косово без поддршката од сите заедници

Европската Унија го има истиот став со НАТО и САД за прашањето на војската на Косово и истакнува дека нема трансформација на Безбедносните сили на Косово во војска без поддршката од сите заедници на Косово, денеска соопштија од седиштето на ЕУ во Брисел, пренесе Танјуг.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека Комисијата внимателно ги следи случувањата на Косово во поглед на трансформацијата на Косовските безбедносни сили.

„ЕУ го дели мислењето со НАТО и САД за ова прашање. Ваквата трансформација мора да подразбира сеопфатен и мултиетнички процес, што ќе обезбеди поддршка од сите заедници на Косово“, го пренесе Коцијанчиќ ставот на официјален Брисел за Танјуг.

По повод намерата на властите во Приштина Безбедносните сили на Косово да ги трансформираат во војска на Косово претходно се огласи и НАТО.

Во седиштето на НАТО во Брисел велат дека се загрижени заради ваквите намери и еднострани потези на Приштина, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, веќе изјави дека за овој најнов случај тој е во постојан контакт со партнерите од ЕУ.

Денешното соопштение на Европската комисија ги потврди неофицијалните информации дека Алијанската на властите во Приштина им порачала дека во евентуален процес на трансформација на Безбедносниите сили на Косово мора да се води сметка за ставот на Белград и косовските Срби.

поврзани објави

Последни објави