Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги свика на средба лидерите на албанските партии од Македонија.
Според албанските медиуми, Рама во Италија ќе се сретне со Али Ахмети од ДУИ, Билал Касами од Беса, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и Мендух Тачи од ДПА.
Неофицијално, на средбата тој ќе понуди документ – програма со совети и препораки за партиите. Албанскиот премиер се залага за обединување на албанскиот блок, за заедничка стратегија на партиите заедно да влезат во новата влада.