13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

САД преминуваат на летно сметање на времето две недели пред Европа

Во САД вечерва од 2 часот жителите ќе ги поместат часовниците на 3 часот, со што земјата официјално ќе премине на летно сметање на времето, две недели пред тоа да го сторат државите во Европа.

Традиционално во Европа летното сметање на времето почнува последниот викенд во март, но во САД тоа се прави две седмици порано. И додека во Европа зимското сметање на времето почнува во последниот викенд во октомври, САД тоа го прават во првиот викенд во ноември.

Ислкучок од ова правило во САД е само сојузната држава Аризона и американските територии во Карибите, Порто Рико и Двествените Острови и во Пацификот, Американска Самоа, Гуам и Северните Маријански Острови.

Во периодот од вечерва, па до ноќата меѓу 25 и 26 март, разликата меѓу средноевропското време и времето на источниот брег на САД, наместо вообичаените шест, ќе изнесува седум часа.

поврзани објави

Последни објави