3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ФОТО: Музички хепенинг во Градски парк во организација на „за заедничка Македонија“

Жени и дечиња со македонски знамиња на нивните грбови, шалови на кои што пишува „Македонија“ можеа да се забележат денеска во градскиот парк во Скопје. Тоа не е случајно, бидејќи граѓанската организација „за заедничка Македонија“ организираше музички настап, за кој како што велат самите тие, станува редовна викенд шема која би требало да внесе поинаква живост и љубов во движењето.

Пред присутните свој настап имаа Даниел Кајмаковски и групата „Паркети“.

„Протестите продолжуваат, хепенингот е втора недела, редовна викенд релакс шема, во наводници релакс шема. Меѓутоа е една нова содржина која сакаме да ја понудиме, покрај оние од понеделник до петок маршеви од Влада до Собранието, за време на викендите еве се обидуваме да внесеме малку поинаква живост и љубов во целото наше движење и на големо не само мое лично туку наше задоволство, ги имавме тука денеска Паркети и Даниел Кајмакоски“, рече Илиевски.

Илиевски вели дека се бара повлекување и отстапување од Платформата.

„Бараме повлекување на Тиранската платформа, без никакви изговори нити обиди таа на мала врата да се протне некако од позадина. Нејзината суштина е проблем не името како се вика, без разлика дали ќе ја крстите Тиранска платформа, Кичевска платформа, суштината нејзина е најспорна и најпроблематична, и бараме повлекување и отстапување од неа, а сите други финти да се манипулира народот нема да поминат“, рече Илиевски.

поврзани објави

Последни објави