Многу пати можеме да прочитаме статии, во кои се препорачува кои места односно градови треба да ги посетиме во Словенија. Речиси никогаш во истите не спомнале градче од источниот дел на државата.
Ова е листата на десет мали места и градови, кои вреди да се посетат, а за кои најверојатно никогаш немате слушнато. Сите овие места се лоцирани односно се наоѓаат на само десет километри оддалеченост од градот Марибор, за кого најверојатно веќе имате слушнато.
1. Перница
Ова е мало место кое се наоѓа во близина на Марибор. Се што треба да направите е да се качите во кола или такси, при што вашето патување од Марибор до Перница би траело околу 15 минути.
2. Ленарт
Лоцирано во регионот на „Словенске Горице“ (Словенечките ридови)
3, Јуровски Дол
Се наоѓа на само 100 метри оддалеченост од Ленарт
4. Холи Тринити
Е мало градче кое се наоѓа само неколку километри источно од Ленарт, кое има прекрасна црква на врвот на словенечките ридови, а веднаш под нив е и преубавото езеро „Градиско“
5. Заврх
На само неколку километри јужно од Ленарт, се ноаѓа местото Заврх (во словенечките ридови). Во центарот на селцето има кула која ви нуди неверојатен поглед на околните места.
6. Сестрзе
Е на далечина од 30 километри од Марибор, а местото е познато по прекрасните езерца познати како „Сестрзе езеро“
7. Смартно – Похорје
На само 30 километри од Марибор се наоѓа Похорје (Смартно) кое е познато по интересната црква со фрески и малечката капела која се наоѓа веднаш спроти самиот пат.
8. Бојтина
Ова е мало село кое се наоѓа на врвот на Похорје, а кое нуди неверојатни погледи кои ќе го одземат вашиот здив.
9. Плак
На 20 километри оддалеченост од Марибор, блиску до границата со Австрија, се наоѓа ова прекрасно место кое е опкуржено со ридови. Познато е по кулата од која може да ги разгледате сите околни места и која истворемено нуди прекрасен поглед.
10. Русе
Мало градче во Похорје кое е на 11 километри оддалеченост од Марибор.