23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Додевски: Кочан не е во бегство, туку на службен пат

Целосни невистини се шпекулациите дека осомничениот се дал во бегство од едноставна причина што нема бегство доколку во периодот кога лицето веќе се наоѓа на службен пат се донесе Решение за притвор. Токму таков е конкретниот случај за сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан, тврди неговата одбрана.

Од Одбраната на Кочан велат и дека, зачудувачки е што како причина за притвор се наведуваат според нив  “апсурдни” тези како на пример за тоа го наведуваат  влијание на вештаци, иако  како што велат е  ноторно дека СЈО вештачењата ги спроведува со вештаци што самото ги избира и за чие што спроведување одбраната и осомничениот не се ни запознаваат.

Според нив незаконско е решението со кое Скопска единиа му одреди притвор на сопственикот на ТВ НОВА. Адвокатот на Кочан, Никола Додевски доставил жалба до судот во текот на вчерашниот ден.

Во текот на вчерашниот ден МВР инфомираа  дека ја добиле одлуката на Основниот суд Скопје 1, каде се бара апсење на Сеад Кочан. Тој треба да издржува 30 дневен притвор, додека трае судењето.

 

поврзани објави

Последни објави