Видеото на професорот по политички науки на Универзитетот во Пусан Роберт Кели, поканет од ВВС да коментира ситуацијата во Јужна Кореја и прекснат од своите деца, стана хит во глобалната мрежа. Многумина дури го прогласија за најсмешни видео на годината.
На снимката се гледа како додека Кели говори, во собата влегува 4-годишната Марион, која почнува да танцува пред камера. Набргу потоа таа е проследена од 9-месечен брат Џејмс во Вокер.
Извонредна е и реакцијата на жена од азиско потекло, која ита во собата и се обидува што е можно побрзо и на незабележлив начин да ги изведе децата.
Бабата на децата – Елен Кели, изјави дека ја презема делумно одговорноста за ситуацијата. Таа и нејзиниот сопруг живеат во Охајо и често разговараат на Skype со семејството на нејзиниот син.
Еден од најконтроверзните моменти во ситуацијата сепак беше идентитетот на жената од видеото. На интернет се водат жестоки расправи поради претпоставката на милиони корисници дека таа е дадилката и дека поради нејзината расеаност најверојатно ќе биде отпуштена.
Сепак излезе дека тоа е сопругата на г. Кели и мајка на неговите деца.
На социјалните мрежи, сепак се зголемува незадоволството за расистичкиот однос кон жената, што укажува на фактот дека штом таа е азиска девојка, автоматски се прогласува за дадилка или домашна помошничка.
https://www.youtube.com/watch?v=Qo0STYcoyjM