13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Холанѓаните се фашисти и нацисти, обвини Ердоган!

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ја осуди одлуката на холандската Влада, која ја повлече дозволата за слетување на територијата на земјата на авионот со кој турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу требаше да пристигне на митинг во Ротердам.

„Тие се толку пристрасни, толку плашливи. Тоа се потомци на нацистите, тоа се фашисти“, рече Ердоган.

Тој најави дека на Холандија ќе и вратат со иста мера и најави санцкии.

„Ќе видам како по ова холандски авиони ќе летаат во Турција. И тоа мислам на дипломатите, а не на обичните граѓани“, рече Ердоган.

Чавушоглу утрово најави дека денеска ќе отпатува за Ротердам за да учествува на митинг на припадниците на тамошната турска заедница во пресрет на уставниот референдум во Турција, иако ротердамскиот градоначалник Ахмед Абуталеб ја забрани неговата посета.

Тој во Ротедрам требаше да се обрати на митингот на припадниците на турската заедница, организран од властите во Анкара со цел да ги поттикнат Турците во Холандија да гласаат на референдумот за промена на Уставот на Турција, со што треба да се зголеми моќта и овластувањата на Ердоган.

 

 

поврзани објави

Последни објави