23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Почина Вања Лазарова, доајенката на македонската народна музика

На возраст од 86 години во Скопје, почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова – Димитрова.
Таа е родена на 27-ми април 1930 во село Страцин во Кратовско.
Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ.
Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.
Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.

поврзани објави

Последни објави