13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Додевски: Kривичниот совет не постапува соодветно, побаравме повлекување на одлуката за притвор на Кочан

Предметот воопшто не беше доставен во законскиот рок до апелациониот суд кој што е преклузивен и со ништо не се менува.

„Не постапува соодветно кривичниот совет и се работи за грубо прекршување од страна на кривичниот совет“, рече Никола Додевски, адвокатот на Сеад Кочан.

На прашање каде е Кочан и кога ќе се врати со оглед на тоа дека е на службено патување, Додевски рече дека е тотално ирелевантно каде е г. Кочан, бидејќи тој си ги обавува своите обврски како слободен граѓанин, одлуката е незаконска.

„Правно е невалидно решението за притвор, правниците кои викаат дека може да се пролонгираат роковите за одлучување не го знаат правото. Побаравме советот да го стави вон сила решението“, рече Додевски.

поврзани објави

Последни објави