Демократскиот сојуз смета дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска Влада од партиите кои имаат парламентарно мнозинство.
Државата ја карактеризираат четири круцијални елементи: НАРОД, ЈАЗИК, ТЕРИТОРИЈА И СУВЕРЕНО ВЛАДЕЕЊЕ СО ТЕРИТОРИЈАТА.
Овие клучни елементи со ништо не се загрозени ниту од внатре ниту постои надворешна закана.
Симболи на државата се знамето, грбот и химната. За промена на овие симболи е потребна согласност од најмалку 81 пратеник или над 50% од граѓаните да се изјаснат на референдум за промени.
Демократскиот сојуз предлага наместо Парламентот, за сите прашања од национален и државен интерес, на референдум да одлучуваат граѓаните, вклучително и за промени сврзани со симболите на државата.
На овој начин силната манипулативна партиско- медиумска кампања ќе се распадне и кај граѓаните ќе зајакне определбата дека само со мирна промена на власта ќе се обезбеди владеење на правото, како основна гаранција за индивидуалните и колективните права и слободи.
Демократскиот сојуз оценува дека не е загрозен унитарниот карактер на државата, нема никаков заговор за поделба и рушење на државата, ниту пак идеи или поддршка за промена на уставното име Република Македонија“ пишува во соопштението на Демократскиот сојуз