Портпаролот на владата во Лондон денеска изјави дека податоците со кои располагаат покажуваат дека „мнозинството Шкотланѓани“ не сакаат втор референдум.
„Инсистирањето на Шкотската национална партија (СНП) за одржување втор референдум за независност доаѓа во „најлошо време“ , велат од кабинетот на британската премиерка Тереза Меј.
Според портпаролот овој потег се преземе „еднаш во цела генерација“.
„Вториот референдум би бил раздорен и би предизвикал голема економска неизвесност, а би се случувал во најлошото можно време“, рече претставникот на Даунинг стрит 10, мислејќи на двегодшните преговори на Лондон со Брисел околу Брегзит и истапувањето на Велика Британија од ЕУ.
Неговата изјава претставува прва реакција на британската Влада по соопштението на првата министерка на Шкотска, Никола Страџен дека новиот референдум за независност би се одржал во есента 2018 или пролета 2019 година.