fbpx
6.8 C
Skopje

Њујорк – град кој никогаш не спие

АКТУЕЛНО

Њујорк – град на различни култури, мода, ноќен живот, шопинг.. Њујорк, град на соништата, град кој никогаш не спие!

Њујорк е составен од пет урбани подрачја: Менхетен, Стејтн Ајленд, Бруклин, Квинс, Бронкс од кои најголем и најелитен е Менхетен, со многу познати обележја, туристички атракции, универзитети и музеи. Менхетен исто така е дом на Обединетите Нации, но и на една од најславните градби во светот „Емпајер Стејт Билдинг“, чија изградба започнала во 1929 година, а завршила во 1931-та година. Интересни факти за изградбата е дека за време на истата пет луѓе умреле, потрошени се 40,948,900 милиони долари за изградба, а цената на нејзиното реновирање изнесува неверојатни 550 милиони долари.

Оваа највисока зграда има величевствен поглед. Често може да слушнете дека е најфотографираната на светот ( 1,342, 824 постови на Инстаграм) а ние ви предлагаме доколку ја посетите да го зголемите тој број. Она што ќе ви остави посебен впечаток е спектакуларниот поглед од опсерваторијата и отворен поглед на целиот Њујорк, кој е особено убав во текот на ноќта.

Многу светилки и огромни билборди, музичари и актери во интересни костими. Сево ова е синоним за Тајмс Сквер. Она што особено фасцинира е кристалната топка која што се спушта на 31 декември по полноќ означувајќи го крајот на оваа, но и почетокот на следната година. Бруклин е поврзан со Менхетен преку три мостови: Бруклин, Менхетен и Вилијамсбург.

На 17 мај 1884, 21 слон поминаа преку мостот со цел да се докаже дека неговата конструкција е стабилна.

Бруклинскиот мост, кој го спојува Менхетен со Бруклин е една од најпрепознатливите атракции во Њујорк. Шетањето по пешачките патеки на овој дел од мостот, пружа посебно искуство, а посебна возбуда носи Бруклинскиот парк кој њујорчани често го користат за пикник.

После убавата прошетка во некој од околните ресторани каде што може да вкусите најразлични специјателити. Било каков специјалитет да ви падне на памет – во Њујорк сигурно ќе го пробате. „БлекТеил“ ресторанот се издвојува по карактеристичниот ентериер, одличната храна и супериорната оценка добиена од посетителите непосредно по неговото отварање. Овој ресторан е уреден во кубански стил, а на своите гости им нуди специјални понуди на храна, но и извонредни коктели.

Доколку сеуште се двоумите каде за божиќните празници, тогаш дефинитивно Њујорк е вистинскиот избор за вас.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -