Спрема новите правила кој се донесени во Велика Британија, ова земја им забранува на членовите на парламентот да вработуваат сопружнициц. роднини и соработници.
Независни стандардни парламентарни органи (ИПСА) нагласи дека промената на правилникот за вработување не се однесува на оние кој веќе се вработени и имаат блиски вработени во семејството.
Овој правилник ќе почне да се применува дури после следните избори закажани за 2020 година.
„Веруваме дека вработувањето со поврзани лица не е во склад со современото вработување, кое искажува фер и отворено вработување кое ќе ги охрабри различностите на работното место“, изјави шефот на ИПСА, Рут Еванс.
Околу 150 од 650 членови на британскиот парламент, скоро четвртина се ги вработува членови од семејството.