13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Забрана за возење на стари автомобили во Мадрид, ќе го следи ли примерот и Скопје?

Градските власти на Мадрид објавија план за забрана на движење на стари автомобили низ центарот на градот од 2025 година, со цел да се намали загадувањето на воздухот.

Градските власти тогаш ќе забранат користење на автомобили со бензински мотори приозведени пред 2000 година, а со дизелски мотори пред 2006 година. Тие моментно чинат 20 отсто од вкупниот број на возила.

Се проценува дека забраната ќе влијае на намалување на азотниот оксид за околу 15 отсто. Се работи за отровен гас кој предизвикува респираторни проблеми, се наведува во презентацијата на градската управа.

Мадрид не ги исполни нормите за квалитетот на воздухот во ЕУ во последните осум години. Останатите големи европски градови, како Париз и Берлин, веќе воведоа слични мерки за да го намалат загадувањето.

Градските власти на Мадрид за реализација на овој план издвоија 544 милиони евра. Власта ќе финансира проекти кои поттикнуваат употреба на обновливи извори на енергија во урбаните области.

поврзани објави

Последни објави