7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ поднесе иницијатива, бара веднаш да продолжи конститутивната седница

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за, како што велат, свикување, односно продолжување на конститутивната седница.

Од СДСМ велат дека и покрај тоа што Деловникот на Собранието не го бара тоа, тие ги доставиле и 67-те пратенички потписи.

Очекуваат Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, нагласувајќи дека оваа клучна институција како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија треба да почне да функционира, односно мора да работи и да функционира во интерес на државата.

Поднесуваме иницијатива, веднаш да продолжи конститутивната се…

Поднесуваме иницијатива, веднаш да продолжи конститутивната седница!

Posted by Oliver Spasovski on Friday, March 17, 2017

поврзани објави

Последни објави