6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Средба Милевски – Тимоние

„Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, денеска во просториите на ЛДП одржа работен состанок со Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.

Двајцата соговорници разменија мислења за моменталната политичка ситуација, свикувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, но и за политичката криза и за начините за излез од истата.

Избраното мнозинство е спречено да формира влада, потсети Милевски, што е преседан кој остава простор истото да го практикува секој нареден претседател кој не припаѓа на мнозинството во парламентот.

Претседателот на ЛДП, Милевски, уште еднаш ги повтори ставовите на партијата, односно силните заложби за нормализирање на состојбите во државата, смирување на непотребните меѓуетнички тензии, како и неопходноста од брз, мирен и транспарентен трансфер на власта“, се вели во соопштението на ЛДП.

поврзани објави

Последни објави