6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Како да приготвите посна салата од туна и зеленчук?

Најпрво да потенцираме дека состојките слободно може да се зголемат или намалат во количината по желба.

Прокељот го проваруваме во посолена вода 5-6 минути, да омекне. Потоа го цедиме од водата.

Тиквичката ја сечкаме на ситни коцкички и ја ставаме на умерен оган со малку маслиново масло да се попржи. За тоа време ги сечкаме и печените пиперки и ги додаваме и тие да попржат и испуштат од својата миризба. Малку посолуваме.

Во длабока чинија ја истураме туната исцедена од маслото, го додаваме доматот предходно исечкан на коцкички, па пржените тиквички и пиперки, прокељот, исечканите маслинки и млад кромид (јас не ги користам перјата) и салатката/марулата ситно издробена. Се посолува и се убаво се меша.

*Доколку сметате дека ви треба масло (кај мене беше доволно од она кое залепи на туната и она во кое се пржеа тиквичките) додадете си по потреба и желба или од она од конзервата или било какво.

поврзани објави

Последни објави