15.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

Сите нуделе, но само еден европски клуб вистински му помогнал на Чапекоенсе

spot_img

Бразилскиот фудбалски тим Чапекоенсе успешно се опоравува по големата авионска трагедија во која загина речиси целиот фудбалски тим.

Кога се случи несреќата, сочуство изразија сите спортски тимови кои најавија дека и ќе му помогнат на бразилскиот тим, но подоцна помош имало само од Барселона и никој друг клуб.

Оваа информација ја пренесе претседателот на тимот, Давид де Нес кој истакна дека е благодарен на „каталонците“ за нивниот потег.

„Само еден тим вистински ни помогна, тоа е Барселона. Од нив добивме и финансиска помош, а бевме поканете и на Гампер трофејот кој ќе се одигра оваа година во август. Оваа прилика ја користам уште еднаш да им се заблагодарам“, истакна Де Нес.

поврзани објави

         

Последни објави