21.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

ПМФЛ: Вардар убедлив против „лавовите“, Ренова поуспешна од Пелистер

Денеска се одигра 23. коло од Првата македонска фубалска лига. Денеска беа одиграни сите пет натпревари, кој донесоа доста голови.

Шкеднија ги однесе бодовите од Штип  со победа од 1-3 и ја остави Брегалница закована на дното од табелата. Вардар беше убедлив нагости потив Македонија ЃП со 5-0, стрелци на погодоците во оваа уверлива победа беа Попов, Хамбарѕумјан, Барсегјан, Блажевси и Спировски.

Во Прилип, Победа и Шкупи ги поделија бодовите откако одиграа 1-1, резултатот го отворија гостите со голот на Лазаревски, но во второто полувреме гостинскиот голман Зендели си даде авто-гол.

Работнички пак во Скопје го совлада доста незгодниот тим на Силекс со 2-0, кратовчани се носеа со противникот до 59-та минута кога скоро од пола терен Силјановски упати силен шут, а голманот Вујанац лошо ја процени топката која заврши во мрежата, конечните 2-0 ги постави Сахити во 66-та минута.

Ренова можеби и го направи најголемото изненадување ова кола совладувајќи го Пелистер со 2-1. „Гипсарите го отворија резултатот преку Гафури, на 1-1 израмни бразилецот Фереира Кардосо, а херој на натпреварот беше Стојанчо Велинов кој во 88-та донесе огромна победа.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -