11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Ермира Мехмети си замина од ДУИ

Експратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, денес на својот Фејсбук профил објави дека е слободен граѓанин и дека не е веќе претставник на ниту една политичка партија.

„Би сакала да ве известам дека мојот мандат како пратеник во Собранието на Република Македонија завршува денес. Во текот на изминатите осум години ја имав честа и обврската да ви служам и да работам за решавање на проблемите и реализација на вашите потреби. Денес заврши овој пат полн со предизвици и одговорност за мене.

Би сакала, исто така, да ја информирам јавноста дека почнувајќи од денес, јавно поднесов оставка од сите мои политички функции во Демократската унија за интеграција.

Почнувајќи од денес, јас, Ермира Мехмети, сум слободен граѓанин и не ја претставувам ниту една политичка партија. Сите симболи и политичката иконографија, почнувајќи од денес и во деновите што доаѓаат, ќе бидат отстранети од мојата официјална фан страна на Фејсбук“, пишува Мехмети.
Експратеничката Ермира Мехмети неодамна стана нотар, но и советник во австриското собрание.

поврзани објави

Последни објави