Денеска се одигра 23. коло од Првата македонска фубалска лига. Денеска беа одиграни сите пет натпревари, кој донесоа доста голови.
Шкеднија ги однесе бодовите од Штип со победа од 1-3 и ја остави Брегалница закована на дното од табелата. Вардар беше убедлив нагости потив Македонија ЃП со 5-0, стрелци на погодоците во оваа уверлива победа беа Попов, Хамбарѕумјан, Барсегјан, Блажевси и Спировски.
Во Прилип, Победа и Шкупи ги поделија бодовите откако одиграа 1-1, резултатот го отворија гостите со голот на Лазаревски, но во второто полувреме гостинскиот голман Зендели си даде авто-гол.
Работнички пак во Скопје го совлада доста незгодниот тим на Силекс со 2-0, кратовчани се носеа со противникот до 59-та минута кога скоро од пола терен Силјановски упати силен шут, а голманот Вујанац лошо ја процени топката која заврши во мрежата, конечните 2-0 ги постави Сахити во 66-та минута.
Ренова можеби и го направи најголемото изненадување ова кола совладувајќи го Пелистер со 2-1. „Гипсарите го отворија резултатот преку Гафури, на 1-1 израмни бразилецот Фереира Кардосо, а херој на натпреварот беше Стојанчо Велинов кој во 88-та донесе огромна победа.