Откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ гази по тенок мраз, следуваше и брз одговор од Бихаќка каде порачаа дека Груевски е оној што ги држи граѓаните на тенок мраз.
Во продолжение целото соопштение:
Програмата на новата реформска Влада ги гарантира унитарноста на Македонија и владеењето на правото и носи мерки за вистинските проблеми на граѓаните. Овој документ е видлив за сите, и за домашната и за меѓународната јавност, освен за Никола Груевски и соработниците на кои не им одговара зашто сакаат да ја продлабочат политичката криза.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на тенок мраз сака да ги стави граѓаните и државата, само за да се заштитат од одговорност за направените криминали и затоа поттикнуваат насилства и омраза.
Но Македонија оди напред. Ќе има и конститутивна седница, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се должни да ја прифатат мнозинската волја. Мора да прифатат дека се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта.