3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

По нападот од кучињата, детето остана без бубрег и лоша здравствена состојба

Пред три денови во кичевското село Бачишта кучиња нападнаа четиригодишно дете, кое сакало да отиде до соседната куќа каде се наоѓал неговиот татко.

Сепак, група кучиња го нападнале при што речиси и да немало место каде телото не било распрано. По неколкучасовна операција во Скопје, детето останало без еден бубрег и слезина.

Според информациите кои кружат, детето и натаму се наоѓа во лоша здравствена состојба, па моментално во живот го одржуваат машини за дишење.

поврзани објави

Последни објави