13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Паднал од кров додека чистел оџак, па при транспортот до болница починал

Првиот ден од новата година заврши кобно за 48-годишниот С.М. од струшкото село Радолишта кој се лизнал од кровот додека го чистел оџакот, по што се здобил со фатални повреди. При транспортот од болницата во Струга кон клиниките во Скопје, истиот починал.

Во белешката на дневниот билтен на МВР за споменатиот несреќен случај со трагичен исход се вели:

„На 01.01.2017 година околу 08.00 часот во с.Радолишта, струшко, С.М. (48) од истото село, при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди. Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал. Со истото возило е вратен во МЦ Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството“, стои во напишаното од МВР.

поврзани објави

Последни објави