6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Студенти внимавајте: татко ја тужел ќерка си бидејќи не дипломирала на време – го добил спорот

Девојка од Австрија била тужена од својот татко, откако не успеала да го заврши факултетот во предвидениот рок, при што ќе мора да му исплати 24.000 евра.

Студентката чиј идентитет не се открива, студира на архитектура на Универзитетот во Виена, каде редовните семестри се 8, но таа студирала 13. Поради одовлекувањето на студиите, татко и барал да му ги врати вложените пари.

Откако судот донел одлука во корист на девојката, таткото продолжил понатаму и правда барал пред Врховниот суд, кој пресудил во негова корист.

Ќерка му сега ќе треба да му усплати 24.000 евра, а воедно ќе ги плати и судиските трошоци во висина од 8.000 евра. Ова е само еден од 6. вакви случаи на кои работи адвокатска канцеларија во Австрија.

поврзани објави

Последни објави