28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ВИДЕО: Како зборуваше актерот Ванчо Петрушевски: Ова се последните мигови кога можеме да ја одбраниме Македонија таква каква што ни ја оставија нашите претци!

Тука сум роден, тука биле моите прадедовци, нашите татковци, треба да живеат и нашите синови. Дојде време за заедничка Македонија, дојде време да застанеме сите под знамето на Македонија. Вака веќе починатиот актер Ванчо Петрушевски зборуваше на протестите на „За Заедничка Македонија“.

– Се работи за нашата Македонија. Ова е многу повеќе од политички партии, функции или нечии кариери. Го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да не поддржи масовно за зачувување на унитарна Македонија. Нашата цел е искрена и оправдана. Очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и исто така сака иднина, да не поддржи нас. Потребна е акција, сега дојде времето, велеше Ванчо Петрушевски.

Да живее Македонија! Ние друга татковина немаме, една и единствена, Македонија, сите заедно за нашата Македонија, унитарна и единствена, рече на крајот од својот говор Петрушевски, видео кое масовно деновиве после неговата смртт се споделува на социјалните мрежи.

 

 

https://www.facebook.com/100027216231099/videos/156019575315249/

поврзани објави

     

Последни објави