fbpx
16 C
Skopje

ВИДЕО: „Уште еден ден“ од ДНК – за сите кои ја загубиле прерано својата мајка

АКТУЕЛНО

ДНК ја претстави најновата песна „Уште еден ден“, песна по која ќе биде претставен и новиот албум. Песната е за мајката на Панчо, негова хероина која почина во 2014. година.

„Ова е нашето ново видео за песната „Уште еден ден“, по која е именуван и нашиот последен студиски албум, а е посветена на сите оние што го пoчувствувaле чемерниот јад и болка од прераната разделбата со своите сакани. Запаметете дека саканите личности иако не се тука меѓу нас, тие секогаш живеат во нашите срца сè дури ние ги споменуваме. Посветено на мојата МАЈКА и вечна хероина од моето детство и младост – Каќуша Свилиќ“, вели Панчо од ДНК.

Видео записот е направен на Марков манастир и Козјак, а Панчо не пропушти можност и да им се заблагодари на сите кои беа дел од овој проект.

„Голема благодарност до целиот тим на Томато продукција и сите учесници во ова видео: хорот „Света Злата Мегленска“, Ивана Димкоска, Наташа, Томи, мoнaхињa Илијана, нo, пред сè, благословот на отец Агатон за снимањетo во Марковиoт манастир сo штo оваа видео-приказна ја долови вистинската симболика, oнaкa како штo ја имавме замислено – велат Панчо и Андреј, кои со ова видео всушност ја заокружуваат целата предвидена приказна околу проектот насловен ‘Уште еден ден’“, додаде Панчо.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -