„Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ!
Ова е сценариото кое го спремаат од првиот ден по поразот на 11 декември.
Поддршка за моите пријатели кои се повредени од насилниците на режимот!
Поддршка за Зоран Заев, Дамјан Манчевски и другите борци! Срамно делување на полицијата, срамно! Додека тепаа студенти беа по 30 желки, сега наводно не можеа да ги сопрат демонстрантите и намерно им дозволија влез во Собранието.
Црн ден за полицијата, црн ден за Македонија. Но, бидете убедени, ова ќе помине, ќе издржиме!
Ова е дефинитивно почеток на крајот на режимот“ напиша Андреј Жерновски на Фејсбук.